Контакт информации

Центар

Телефон: +389 2 3118-263

Автобуска Станица

Телефон: +389 2 2402-394

Аеродром Александар Велики

Телефон: +389 2 2566-668

 

Повеќе информации

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која неможела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА
Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите и во сите други агенции овластениза продажба на нејзините програми. При пријавувањето купувачот уплаќааванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето нарезервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена предреализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплатана аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува одаранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласноусловите од Член.6 “Откажување од патувањето” од страна на патникот. Припријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава - Изјавувамдека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека воцелост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правнаобврска за организаторот и за патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска заплаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен одстрана на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбирадодатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената нааранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и другиуслуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. Зазголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (сепресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнадиштетата произлезена од отказот.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалнатакатегоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугитего стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместувањеи услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот непревзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.2

5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НААРАНЖМАНОТ
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето илисодржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел даги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право нарефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога немаможност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или“over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникотспоред можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или одповисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот вослучај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум заодреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи заотказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и даим ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денотна откажувањето.

6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да гонаправи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа запресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена нааранжманот), според следната скала:  
- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%  
- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10%  
- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20%  
- за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%  
- за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%  
- ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот нанеговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износна аранжманот, односно 100%
Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторотќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжманнајмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку еможно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати самоманипулативни трошоци во износ од 10 € / Евра, по пријава-договор. Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот напатувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне илиотстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарнанепогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежнитеоргани, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала тукусамо реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за коиорганизаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација. Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите - непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во периодот одпотпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договоренотуристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителнаполиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено присамата уплата на аранжманот. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето(за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне илиотстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на3 средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугитеприфати и изврши рефундација на истите.

7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и заизборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и дасе грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципиво туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот ситеуслуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара заевентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторотисклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување науслуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превознитесредства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи имеѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколкудипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезнавиза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение настранска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои другипоследици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење напатните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќадополнителните трошоци.

8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи ипредмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во којапатува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелскитеобјекти, како и во превозните средства, и да соработува сопретставникот/придружникот на организаторот и извршителите науслугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои гонарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети одаранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кајорганизаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патуваво транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е долженда се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјитево кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите своидокументи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

9. ПРЕВОЗ
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет- во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот иместото за “чекинг” и предавање на багаж, во вообичаеното време - час иполовина пред полетување. Да се информира за правилата за патување соавионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата). При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација наседиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час предпоаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес содругите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај нанепридржување кон сатниците на поаѓање или на попатните застанувања иодмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради4 неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзанода го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.

10. БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартерлетовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чертер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. За секојкилограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависностод дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и децакои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласномеѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговскастока , храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливисредства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. Привнесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуствоодговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот сегрижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да сенаправи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и заизгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Випрепорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција).

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравственаинституција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одреденаземја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест илинезгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење илиевентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоапрепорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничкоосигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати воагенцијата.

12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ
Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебникарактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартманза сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителнитебарања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не можеда гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување вособите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку вокуќниот ред не е поинаку назначено).

13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложиписмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) надоговорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои гиподнесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. 5 Постапка за поднесување приговор:
- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кајпретставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот науслугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителотна услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение нарекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да јауважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.  
- Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоасоставува со претставникот писмена потврда (записник).
 - Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесуваписмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и јаприложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како иевентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими вопроцедура само потполно документираните приговори поднесени вонаведениот рок од 8 дена.  
 - Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена одприемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложирокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите ипроверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одморне можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.  
 - Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот сеоткажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давањеинформации во јавните медиуми. евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со билокаква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на иститеприговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување натужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата напретрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
 - Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износотна рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќеискористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова сеисклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

14. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одреднапрограма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколкукупувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побарадополнителна арбитража и мислење од страна наСудот на честа при SKTM илиод страна на надлежниот Суд во Скопје.

Партнери