За Нас

Кои сме ние?

Вардар Експрес е водечка компанија за јавен превоз на патници во Северна Македонија која нуди квалитетни и флексибилни транспорти услуги за сите дестинации во земјата и во странство. Вардар Експрес обезбедува безбеден и удобен  автобуски превоз на нашите клиенти, вработени и воопшто сите корисници на нашите услуги. Со долгогодишно искуство од 30 години, ние сме компанија со компетентност, сигурност и интегритет. Познати сме како лидер на секој пазар во кој работиме, како компанија со најголема доверба за испорачување на економични и одлични транспортни услуги

Визија

Ние силно веруваме дека групниот превоз на нашите патници треба да биде удобен и економичен. Како еден меѓу првите од 20 најпрестижни снабдувачи на јавен превоз во земјава и регионот, нашата Визија, којашто е длабоко вкоренета во нашите вредности и верувања, е да бидеме водечка компанија за јавен превоз на Балканот, препознатлива по својата доверба и сигурност и квалитетни транспортни услуги за разни групи на патници до сите дестинации во земјата, регионот и во странство.

Мисија

Предводени од нашата визија, нашата Мисија е да ја добиеме лојалноста на нашите клиенти исполнувајќи ги највисоките стандарди за безбедноста во сообраќајот, преку обезбедување на лесна достапност, целосна сигурност во патувањето и најголема ефикасност на чисти и зелени возила. Ова ќе го постигнеме преку Пристап којшто бара прогресивно партнерство што ќе генерира одржливи придонеси за нашите услуги кон нашите клиенти и кон општеството. Со нашата современа етика на работа и докажаната историја на успех, ние силно веруваме дека Вардар Експрес ги исполнува сите потребни услови за квалитетен избор.

0 +

Години Искуство

0 +

Задоволни Корисници

0 +

Професионални Водичи

0 +

Топ Дестинации