Ladonia Adakule

Ladonia Adakule

од €499

/ по лице

Времетраење

10 дена

Превоз

Автобус

Сместување

Хотел

Положба: Хотелот е сместен во сопствен приватен залив, опкружен со карпести брегови, што му дава уникатна изолација и прекрасен панорамски поглед на Егејското Море. Се наоѓа на околу 3 км од центарот на Кушадаси и неговите главни шопинг зони, ресторани и ноќен живот. Марината во Кушадаси е оддалечена на околу 5 минути возење.

Сместување: Хотелот располага со 326 сместувачки единици (стандардни, двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби). Собите се опремени со: клима уред и LCD телевизор со сателитски канали, минибар и сеф. сопствена бања со туш, фен за коса, папучи и бесплатен тоалетен прибор.

Повеќето соби нудат поглед кон морето или градината, а дел од нив располагаат со сопствен балкон.

Услуга: Хотелот функционира на база на All Inclusive (се вклучено)  што опфаќа појадок, ручек, вечера и ужина на база на шведска маса, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Располага со главен ресторан кој служи егејска и турска кујна, a-la-carte ресторани (италијански и рибен), неколку барови (лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа) и ноќен клуб.

Бесплатни услуги: Користење на надворешни базени и детски базен, аква парк со водени тобогани,

лежалки и чадори на приватната плажа и покрај базените, Wi-Fi интернет во јавните простории, фитнес центар и паркинг, детско игралиште и мини клуб за деца.

Услуги со доплата: Услуги во спа центарот (масажи, третмани за лице и тело), водени спортови (нуркање, скијање на вода), доктор на повик, услуги за перење алишта, рент-а-кар, пијалоци по 23:00 часот (зависно од концептот) и увозни алкохолни пијалоци.

Содржини: Приватна плажа, 2 надворешни базени, внатрешен базен, спа и велнес центар (турска бања, сауна, џакузи), конференциски сали, продавници, фризерски салон и менувачница.

Плажа: Хотелот има сопствена приватна песочна и бетонска плажа (понтони) во рамки на заливот. Познатата плажа Ladies Beach е оддалечена околу 6.8 км. Поради специфичната конфигурација на теренот, пристапот до плажата е со лифт или скали.

Спорт и забава: Тениски терени, фудбалско игралиште, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард, игротека (аркадни игри), дневна и вечерна анимација, жива музика и диско клуб.

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 499 eur
06.06-16.06 499 eur

Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база ALL  и превоз.
Дете од 0-5,99 години само превоз 80 €, за второ дете од 0-5,99 години 20% попуст
Дете од 06-11,99 годино 20% попуст

Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.

Само превоз Скопје – Кушадаси

Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur

Имате прашање?

Нашиот тим за продажба е достапен 24-7
да одговори на вашите прашања