Положба: Хотелот Scala Nuova Beach е лоциран на самата плажа во областа Јавансу, на околу 5 километри од центарот на Кушадаси. Во близина се наоѓаат познати знаменитости како марината во Кушадаси и античкиот град Ефес.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 105 соби. Сите соби се опремени со сопствен балкон со поглед, сопствена бања (туш, фен за коса, бањарки), клима уред, ТВ со сателитски канали и сеф.
Услуга: Хотелот работи на база All Inclusive (се вклучено). Главниот ресторан нуди разновидни традиционални и интернационални јадења на база на шведска маса, а на гостите им е на располагање и бар.
Бесплатни услуги:Користење на надворешен базен со поглед на море, лежалки и чадори покрај базенот и на приватната плажа, Wi-Fi конекција во јавните простории, паркинг во склоп на хотелот, користење на градина и тераса.
Услуги со доплата: користење на спа центарот, сауна и турска бања (Hamam), масажи и велнес третмани, услуги за перење и пеглање, трансфер до аеродром, пијалоци и услуги кои не се опфатени со All Inclusive концептот.
Содржини: Ресторан со панорамска тераса, бар, надворешен базен, спа и фитнес центар, 24/7 рецепција, градина.
Плажа: Хотелот има директен пристап до сопствена приватна песочна плажа. Плажата е опремена со лежалки и чадори за гостите, а морето е познато по својата чиста и бистра вода.
Спорт и забава: Надворешен базен, фитнес центар за рекреација и активности во близина на плажата.
| ТЕРМИН | АРАНЖМАН 10 НОЌИ |
| 01.06-11.06 | 540 eur |
| 06.06-16.06 | 540 eur |
| 11.06-21.06 | 540 eur |
| 16.06-26.06 | 540 eur |
| 21.06-01.07 | 540 eur |
| 01.07-08.07 | 499 eur |
| 08.07-15.07 | 499 eur |
| 15.07-22.07 | 499 eur |
| 22.07-29.07 | 499 eur |
| 29.07-05.08 | 499 eur |
| 05.08-12.08 | 499 eur |
| 12.08-19.08 | 499 eur |
| 19.08-26.08 | 499 eur |
| 26.08-02.09 | 489 eur |
| 02.09-09.09 | 460 eur |
| 09.09-16.09 | 460 eur |
| 16.09-23.09 | 460 eur |
Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база ALL и превоз.
Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.
За дете до 5.99 години: 80 eur.
За второ дете: 20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: 20% попуст.
Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.
Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur
Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur






















