Положба: Хотелот е лоциран на една од најпознатите плажи во Кушадаси, Ladies Beach. Хотелот е оддалечен на 2 километри од центарот на градот.
Сместување: Хотелот Ada Newday Resort е интимен хотел кој располага со 128 соби, кои се распоредени на 5 спрата. Сите соби се комфорни и располагаат со сопствен балкон, клима уред, сопствена бања (туш, тоалет,фен за коса),ТВ, сеф, телефон, минибар и бесплатна Wi-Fi конекција.
Услуга: Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан).Гостите може да уживаат во разновидни регионални и интернационални јадења кои се послужуваат секој ден во главниот ресторан. Хотелот исто така располага со два барови каде гостите може да уживаат во широк спектар на коктели.
Бесплатни услуги: користење на базен, базен за деца, ресторан, lounge area,игралиште за деца,фитнес центар, сауна, хамам, тениско игралиште, паркинг, градина, тераса, Wi-Fi конекција.
Услуги со доплата: Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, минибар, пинг понг, билијард, телефон, сеф,водени спортови, лежалки на плажа, room service (услуга во соба), лежалки и чадори на плажа, спа третмани и масажи.
Содржини: Хотелот располага со прекрасен ресторан, два барови, рецепција (24/7), менувачница, туристичко биро, складирање на багаж, салон за убавина, гифт шоп, мини-маркет, назначен простор за пушење.
Плажа: Хотелот се наоѓа на најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нјезината чиста вода. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Надворешен базен, детско игралиште, водени спортови, билијард, тенис, пинг понг.
Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.
| ТЕРМИН | АРАНЖМАН 10 НОЌИ |
| 01.06-11.06 | 715 eur |
| 06.06-16.06 | 715 eur |
| 11.06-21.06 | 715 eur |
| 16.06-26.06 | 715 eur |
| 21.06-01.07 | 715 eur |
| 01.07-08.07 | 589 eur |
| 08.07-15.07 | 589 eur |
| 15.07-22.07 | 589 eur |
| 22.07-29.07 | 589 eur |
| 29.07-05.08 | 589 eur |
| 05.08-12.08 | 589 eur |
| 12.08-19.08 | 589 eur |
| 19.08-26.08 | 589 eur |
| 26.08-02.09 | 569 eur |
| 02.09-09.09 | 499 eur |
| 09.09-16.09 | 499 eur |
| 16.09-23.09 | 499 eur |
Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база HB ( појадок и вечер ), клима и превоз.
Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.
За дете до 5.99 години: 80 eur.
За второ дете: 20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: 20% попуст.
Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.
Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur
Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur








































