Blue Sea 3*

Blue Sea 3*

од €349

/ по лице

Времетраење

10 дена

Превоз

Автобус

Сместување

Хотел

Положба: Хотелот е лоциран на 200 метри над една од најпознатите плажи во Кушадаси, Ladies Beach. Хотелот е оддалечен на само 3 километри од центарот на градот.

Сместување: Хотелот Blue Sea располага со вкупно 50 соби кои поседуваат балкони со поглед на море. Сите соби располагаат со сопствен балкон, клима уред, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса) минибар, сеф, ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан). Хотелот расолага со прекрасен ресторан на покривот во кој секојдневно се служат вкусни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со два барови каде се служат топли, безалкохолни и алкохолни пијалоци.

Бесплатни услуги: користење на базенот, ресторанот за време на доручек и вечера, lounge area,игралиште за деца, палуба за сончање, тераса,хамам, сауна, Wi-Fi конекција во јавниот простор на хотелот, паркинг.

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, сервис за пеглање на алишта, пинг понг, масажи, телефон, сеф, водени спортови, лежалки и чадори на плажа, room service (услуга во соба), минибар.

Содржини: Хотелот располага со прекрасен ресторан на покривот, надворешен базен, два барови, рецепција (24/7), менувачница, туристичко биро, складирање на багаж, биро за изнајмување на кола.

Плажа: Хотелот се наоѓа на најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нјезината чиста вода. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Надворешен базен, детско игралиште, водени спортови, пинг понг, билијард.

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 349 eur
06.06-16.06 365 eur
11.06-21.06 399 eur
16.06-26.06 415 eur
21.06-01.07 429 eur

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Аранжманот вклучува 10 ноќевања, превоз, појадок и вечера.

Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.

Само превоз Скопје – Кушадаси

Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur

Имате прашање?

Нашиот тим за продажба е достапен 24-7
да одговори на вашите прашања