Tecimen

Tecimen

од €149

/ по лице

Времетраење

10 дена

Превоз

Автобус

Сместување

Хотел

Положба: Хотелот Tecimen е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.

Сместување: Хотелот Tecimen располага со вкупно 37 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање и појадок- шведска маса). Хотелот располага со еден ресторан  кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.

Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина.

Услуги со доплата: користење на клима, пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен, градина.

Плажа: Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.

 

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 149 eur
11.06-21.06 159 eur
21.06-01.07 165 eur

 

Имате прашање?

Нашиот тим за продажба е достапен 24-7
да одговори на вашите прашања