Ada Marina

Ada Marina

од €325

/ по лице

Времетраење

10 дена

Превоз

Автобус

Сместување

Хотел

5% ПОПУСТ
за целосна уплата во месец Мај!

Положба: Хотелот Ada Marina се одликува по својата извонредна локација во центарот на градот Кушадаси, директно преку шеталиштето на плажа со прекрасен поглед над Егејското Море. Хотелот е оддалечен на само 450 метри од градската плажа,и е сместен на 100 метри од Кушадаси Марина, сите продавници, туристички атракции и историски места како што е замокот Кушадаси.

Сместување: Хотелот располага со 82 соби и истиот има 3 различни видови на соби (budget double rooms, budget triple rooms, family rooms). Сите соби се опремени со бања (туш кабина, тоалет и фен), клима уред, минибар, сеф, бесплатна Wi-Fi конекција, ТВ и телефон.

Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, доручек и вечера). Хотелот располага со два ресторани од кој едниот е прекрасен ресторан на покривот и има извонреден и единствен поглед кон морето, марината и центарот на градот. Во овие ресторан гостите имаат можност да ја вкусат прекрасната турска кујна. Овој хотел исто така располага и со бар на покривот (покрај базенот) и snack бар.

Бесплатни услуги: користење на ресторанот за време на доручек и вечера, базен на покривот, лежалки покрај базенот, пешкири и чадори, внатрешен базен, Спа и Велнес центар, фитнес центар, бесплатна Wi-Fi конекција, паркинг.

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, сервис за перење алишта, минибар, телефон и факс, сеф, медицински услуги,собни услуги, користење на конференциски сали кои се опремени со најновата технологија, водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со два ресторани од кои едниот е сместен на покривот и еден бар на покривот, еден snack бар, базен на покривот, вантрешен базен, рецепција (24/7), паркинг, оперемен фитнес центар, конференциски сали, услуги на медицински установи,менувачница, соба за складирање на багаж, лифт,24 часовно осигурување, соба за играње, градина, билијард.

Плажа: Хотелот е ситуиран на само 450 метри од градската плажа. Една од најпознатите плажи во Кушадаси Ladies Beach е на 10 минути возење од хотелот. Овие плажи се песочни и користење на лежалки и чадори додатно се наплаќа. Во близина на плажите се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусни турски специјалитети, ресторани за брза храна, и барови.

Спорт и забава: Љубителите на спортот може да уживаат во разновидни водени спортови, одбојка на плажа или да вежбаат во фитнес центарот лоциран во хотелот. За љубителите на добра забава гостите может да уживаат во хотелскиот бар на покривот. Во близина на хотелот се наоѓаат едни од најпознатите барови и дискотеки во Кушадаси.

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 325 eur
06.06-16.06 325 eur
11.06-21.06 364 eur
16.06-26.06 364 eur
21.06-01.07 364 eur
26.06-06.07 364 eur
01.07-11.07 364 eur
06.07-16.07 364 eur
11.07-21.07 399 eur
16.07-26.07 399 eur
21.07-31.07 399 eur
26.07-05.08 399 eur
31.07-10.08 399 eur
05.08-15.08 399 eur
10.08-20.08 399 eur
15.08-25.08 399 eur
20.08-30.08 364 eur
25.08-04.09 364 eur
30.08-09.09 364 eur
04.09-14.09 364 eur
09.09-19.09 325 eur
14.09-24.09 325 eur
19.09-29.09 325 eur

За дете до 5.99 години: (само превоз 60 еур).
Второ дете: -20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Имате прашање?

Нашиот тим за продажба е достапен 24-7
да одговори на вашите прашања