Контакт информации

Центар

Телефон: +389 2 3118-263

Автобуска Станица

Телефон: +389 2 2402-394

Аеродром Александар Велики

Телефон: +389 2 2566-668

 

Повеќе информации

Белград

31 Декември (Четврток) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 03.30 часот. Тргнување за Белград во 04.00ч. Возење кон Белград со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во претпладневните  часови. Панорамско разгледување на градот: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње, Куќата на Цвеќето... Сместување во хотел.  Слободно време за одмор и индивидуални прошетки и припрема за Дочек на Нова Година. Дочекна Нова Година. Ноќевање.
01 Јануари  (Петок)  БЕЛГРАД
Појадок. После доцниот појадок факултативно крстарење со брод, пловидбата започнува од новиот мост на Ада до устието на Сава и Дунав. Факултативна посета на Нови Сад. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
02 Јануари (САбота) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на подземен Белград ( посета на подрумот на градската библиотека,римската сала во која се наоѓаат темелите на главната капија на римската тврдина и римскиот водовод) потоа се посетува тврдината Калемегдан со голема  зелена површина, паркови, клупи, прекрасна глетка на влевањето на реката Сава во Дунав, (се посетува германскиот бункер од 2рата светска војна кој има 4 спрата под земја, салата за барут во која денес се наоѓаат голем број на споменици од римскиот период. Разгледот завршува со посета на  подземна винска визба каде се служи чаша вино и пециво.  Препорачуваме посета на некој локален бар на Скадарлија. Попладне тргнување за Скопје, пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 90 еур / 5.580 денари


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 4* во Белград на база 2 ноќевања со појадок
  • Разглед на Белград , Калемегдан
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење по Сава и Дунав  - 10 еур
  • Подземен Белград / евра (разглед со стручен водич, вино и пециво) – 20еур
  • Влезници во културно-историски музеи
  • Посета на Нови Сад со локален водич – 15 еур
  • Патничко-здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:
За реализација на оваа програма потребни се минимум 40 патници и важат Општите услови на СКТМ и Т.А Вардар Експрес Травел

Партнери