Контакт информации

Центар

Телефон: +389 2 3118-263

Автобуска Станица

Телефон: +389 2 2402-394

Аеродром Александар Велики

Телефон: +389 2 2566-668

 

Повеќе информации

Будва

Будва - Котор -Tиват -  Дубровник

29.12.2017-01.01.2018

4 дена / 2 ноќевања

29.12.2017 (петок)- Состанок на групата во Скопје во 22.00 часот на Дрводекор. Поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30.12.2017 (сабота)- Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување. Во 11.00часот факултативна посета на Дубровник. Можност за прошетка по Страдун каде може да се видат Кнежевиот двор, статуата на Св.Влахо – заштитник на градот, Дубровачката катедрала, малата и голема Онорфиева фонтана итн. Попладне враќање за Будва. Вечерта предновогодишна забава на плоштад со Бајага и инструктори. Ноќевање.

31.12.2017 (недела) – Ден предвиден за прошетка и уживање во Будва. Или можност за факултативен излет во Тиват-Порто Монтенегро и Котор. Враќање во Будва. ВЕЧЕРТА ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОРАН БРЕГОВИЧ, БЕЛО ДУГМЕ И АЛЕН ИСЛАМОВИЧ. Ноќевање.

01.01.2018 (понеделник) - Одјавување од апартманите во Будва. Слободно предпладне пред поаѓањето за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  вечерните часови.

ЦЕНА 4200 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва (апартмани Рио)
  • организација и реализација на патувањето
  • претставник од агенција за време на целото патување

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • факултативно посета на Дубровник 15евра
  • факултативна посета на Тиват-Порто Монтенегро и Котор 5 евра 
  • патничко -здравствено осигурување
  • индивидуални трошоци

Патувањето може да биде само со лична карта !!!
Патниците кои ќе се одлучат за факултативна прошетка до Дубровник задолжително да носат пасош!!!
Трансфер од Струмица, Радивиш, Штип, Свети Николе, Куманово, Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • Доплата за еднокреветна соба 40%
  • Попуст за деца до 12 години -30%

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА Вардар Експрес

Партнери