Please enter a searchword.

Категории

Архива

11.06.2014

Егзит и во Црна Гора!

Кој бил знае дека на Егзит е закон. Веруваме и оние што не биле се уште, веќе знаат дека Петроварадинската тврдина крие тајни за многу луди и незаборавни ноќи. Тука е и плажата Штранд и двата незаборавни мостови погодени од „томахавки“ како што ги помниме далечната 2001 кога првпат отидовме во тогаш поствоена Србија на фестивалот кој значеше расчистување со дотогашните политики на Милошевиќ и отворањето на земјата кон светот после години на изолација.

Доколку почнеме да ги редиме имињата кои продефилирале на стејџовите веројатно овој пост би бил даааалеку подолг, ама ако некој баш инсистира еве му Википедија линк

Ќе се обидеме да ви дадеме неколку практични совети од поранешни искуства на луѓе кои биле таму:

1.    Ако по некој случај останете без пари, ко ние, имате Вестерн Јунион трансфер. Имате исто и други македонци од кои може да побарате на заем и секако тука е и можноста да отидете на „Тврџави“ и да се гребете од кој стигнете шо и баш не е некој поим за добро поминат фестивал нели?

БИТНА НАПОМЕНА: Не ги трошете парите на флипери во трговскиот центар Спенс дури чекате да ви пратат повеќе пари по Вестерн Јунион, особено ако ви се последните и особено ако е недела и Вестерн Јунион не работи.

2.    Сместување, сега веќе има многу повеќе можности, порано беше кампот и Бранково Коло, студентскиот дом. Ако се прашуваме ние дефинитивно кампот. Особено ако љубите да се туширате со мраз ладна вода ☺
3.    Доколку ве изберат за крал на племето на шатор 235 однесувајте се како таков и почитувајте ги одредбите, правилата и обичаите на шаторот!!!
4.    Секогаш, ама секогаш трошете повеќе време да си поминете убаво наместо да сликате и дајте за ова да се договориме на сите настани да биде така. Може?

Она што е новина оваа година е дека фестивалот продолжува во Црна Гора како спој од други два фестивали споени во една програма. Си Денс фестивал и Спринг Брејк фестивал со заеднички сили ќе се обидат да бидат дестинација за забава на повеќе стејџови од кој главниот собира и повеќе од 30.000 луѓе.

5.    Правете што ќе правите на фестивалот не ги пропуштајте Денс Арените затоа што дефинитивно лајнапот на тие стејџови секогаш е феноменален, а според програмата и оваа година не би требало да биде нималку поразличен.

Е сега после сето ова верувајте ќе ви треба одмор ☺

Проверете некоја од понудите кои ги имаме за вас и нормално ви посакуваме уште една одлична Егзит Авантура!!!

Партнери