Please enter a searchword.

Категории

Архива

07.05.2014

Кушадаси

Кушадаси (Kuşadasi) е приморско место во Турција и многу популарно летувалиште на Егејското море. Некогаш мало туристичко место, денес туристичка атракција за туристите од Велика Британија, Ирска, Холандија, Белгија и од земјите на поранешна Југославија. Според пописот од 1995 во Кушадаси живеат некаде околу 50.000 луѓе, додека во текот на летниот период бројот на туристи во Кушадаси расне и до 1 милион.

Низ вековите Кушадаси бил познат и како Неаполис, Новиот Ефес и Scala Nuova. Во античко доба, на местото на денешен Кушадаси, се наоѓал античкиот град Неаполис, кој бил под управа на еден од тогаш најснажните градови на Средоземјето, Ефес. Во непосредна близина на Неполис, се наоѓале градовите Маратезион и Пигале, кои наводно биле оснивани од страна на болните војници на кралот Агамемнон во текот на Тројанската војна. Со слабеењето на Ефес, почнува тмурно и крваво доба за Неаполис кое трае се до средниот век. Во 15 век, градот (Scala Nuova) бил под управа на трговците од Венеција и Џенова. Во 1413 година турците предводени од страна на султанот Мехмет Челебија, го освојуваат и пљачкаат градот кој од тогаш, па до денешен ден е турски.

Современиот назив градот го добива по полуостровот на излезот од градот (Островот на гулабите - тур. Güvercin Adası). Називот всушност е кованица од два збора (тур. ada) и птица (тур. kuş).

Кушадаси денес

Споменатото полуострово доминира со погледот, доколку се приоѓа кон Кушадаси преку море или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓаат тврдина, светилник и мала зоолошка градина.

24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружа поглед на соседната Грција и островот Самос. Во околина на Кушадаси се наоѓаат и античките градови Ефес (18 км), Дидим, Пријена и Милет.

Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар (истоимениот град) Кушадаси е оддалечен со 65 км современ автопат. Иако е развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користат аеродромите „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас – Бодрум“ во Милес, кои се оддалечени 85 км односно 120 км. Градот поседува марина и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости во Кушадаси.

Според проценките, Кушадаси, има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории. Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година кој се наоѓа во кругот на Женската плажа (тур. Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.

Кушадаси може да се пофали и со голем број убави плажи, од кои еден дел е за јавна употреба.

Доколку сакате да прочитате уште по некоја причина зашто да го изберете токму Кушадаси може да кликнете на следниот линк.

Други важни работи што треба да ги знаете при посета на Кушадаси може да најдете на следниот линк.

Понудата на хотели и сместувалишта на Vardar Express во Кушадаси може да ја погледнете тука.

Партнери