Please enter a searchword.

Категории

Архива

08.05.2014

ИНТЕРВЈУ | ТАВ МАКЕДОНИЈА

Интервју со Алпер Ерсој, заменик генерален менаџер на „ТАВ Македонија“

Кои беа одлучувачките фактори за „ТАВ“ да инвестира во Македонија?
- Многу фактори влијаеа врз нашата одлука за вложување во Македонија, а дел од нив се: конструктивен и кооперативен пристап и структура на Владата; геополитичка локација на земјата; потенцијал на Александар Велики како централен аеродром на Балканот; бројот на патници на „сливното подрачје“ (околу 12 милиони лица); фактот дека не е потребна виза за македонските граѓани во земјите на ЕУ; Македонија е земја-кандидат за влез во ЕУ и во НАТО; растечка економија и стабилна политичка и правна положба; пониски даноци во споредба со земјите од ЕУ; образовани и квалификувани млади луѓе; етничка и културна разновидност и туристичкиот потенцијал; отворено небо - ECAA (European Common Aviation Agreement - договор за заедничка европска авијациска област).

Дали сте задоволни со бројот на патниците и што можеме да очекуваме во иднината?
- Досега, навистина сме задоволни со стапката на пораст на патници и на летови, што е значително повисока од просекот во Европа. Нашиот тим за маркетинг присуствува меѓународни конференции и саеми за туризам и воздухопловство, како што се Routes World, Routes Europe, IATA Schedule или ITB Berlin со цел да ја промовираат Македонија и нејзините аеродроми. Работиме напорно за да се привлечат нови превозници и да ги поттикнеме постојните да ги зголемат своите летови или да воведат нови дестинации. Со оглед на тоа, очекуваме стапката на пораст на бројот на патници да се задржи на двоцифрен број.

Каква е стратегијата на Скопскиот аеродром во поглед на социјалните мрежи и дали компанијата е присутна на Facebook и на Twitter?
- „ТАВ аеродроми“ е претставен со 12 поединечни аеродромски и засебен холдинг-профил на „Фејсбук“ и на „Твитер“. Холдингот ТАВ, исто така, има свои „акаунти“ и на YouTube, Google+, Foursquare, Instagram, Yammer, Pinterest, Flickr и на SlideShare. Како дел од севкупната стратегија, наша цел е да се зголеми свесноста за корпоративните брендови и за аеродромските услуги. Исто така, социјалните медиуми се една од нашите CRM (Customer relationship management - Менаџмент на односите со корисниците) алатки со чија помош го набљудуваме однесувањето на патниците и нивните реакции на нашите услуги.

Чија беше одлуката за компанијата да се претстави на социјалните мрежи и кој е одговорен за управување со профилите - тоа го правите интерно или друга компанија е одговорна за процесот?
- Таа одлука ја донесе одделот за корпоративни комуникации. Социјалните медиуми се суштинска маркетинг-алатка и затоа ја ангажиравме една од најдобрите агенции што работат на полето на социјалните мрежи во Турција како поддршка околу активноста на социјалните медиуми.

Какви се реакциите на патниците на Вашите услуги, дали тие ги користат социјалните мрежи како средства за комуникација и дали тие ги подобрија условите за користење на Вашите услуги?
- Подготвуваме дневни, неделни, месечни и годишни извештаи за коментарите што ги добиваме преку сите средства за комуникација од страна на корисниците. Овие извештаи потоа се споделуваат со одделот за менаџмент на односите со корисниците на ТАВ и секоја сугестија или тврдење се испитуваат внимателно и се користат за нашите идни услуги.

Како комуницирате со патниците од странство?
- Сите информации ги ставаме на располагање на патниците во трите јазични верзии на нашиот вебсајт - англиски, македонски и албански, а нашите постови на социјалните медиуми се и на англиски и на македонски јазик. Исто така имаме и аеродромска брошура за распоредот на летање која има три јазични верзии со цел да се олесни движењето на нашите патници од странство.

Како аеродромот е поврзан со Скопје - како патниците можат да стигнат до градот, со кои средства за превоз?
- Има неколку начини да се стигне до градот од аеродромот - со автомобил, со такси или со автобус. Изминативе неколку години имаме автобуска линија што го поврзува аеродромот „Александар Велики“ со градот Скопје. „ТАВ Македонија“ и транспортната компанија „Вардар експрес“ заеднички ја воведоа оваа услуга што е позитивно прифатена од страна на патниците. Распоредот на автобуската линија е усогласен со редот на летање и за летовите што пристигнуваат и за тие што заминуваат. Со цел информациите да бидат им бидат на дофат на патниците најажурираниот распоред е достапен и на нашиот вебсајт.

Се очекува ли во иднина да се промовираат нови дестинации?
- Од 1 април Wizz Аir ги претстави новите летови до Келн, Париз, Брисел и Франкфурт, а Alitalia ќе почне да лета меѓу Рим и Скопје од мај. Засега не очекуваме други нови дестинации.

Можете ли да се сетите на интересна, возбудлива, ситуација што се случила на аеродромот, а која што сакате да ја споделите?
- Една од повпечатливите ситуации беше предлогот за брак што се случи на скопскиот аеродром. Младоженецот тогаш со оркестар ја пречека својата идна сопруга во делот за пристигнување на патници. Покрај тоа, поголеми групи обожаватели обично ги пречекуваат спортските тимови, по успешни учества на европски натпреварувања. Неодамна имаше група од стотици тинејџерки кои го поздравија македонскиот пејач кој победи на балканскиот „Икс-фактор“. Тие создадоа навистина еуфорична атмосфера на терминалот.

Каква порака би сакале да им пренесете на патниците - совет или препорака - во врска со патните исправи и начинот на движење за сите што посетуваат земја-членка на ЕУ?
- Треба внимателно да ги разгледаат прописите за визниот режим и барањата за пасош во земјата во која што ќе летааат, потоа за забранетите предмети кои не се дозволени да се носат во багажот. На тој начин, тие ќе можат да избегнат каков било прекин на нивното патување поради недостаток на документ, валидност на визи или пасош итн.

Партнери